Холестеролот, еден вид на масти присутни во секоја жива клетка, е клучен фактор во метаболичките процеси. Меѓутоа, доколку значајно се покачи неговото ниво во крвта може да стане фактор на ризик за кардиоваскуларни болести.
Триглицеридите се масти, кои ги има во храната која секојдневно ја консумираме. Кога јадеме, вишокот калории кои телото не ги користи веднаш, ги претвора во триглицериди. Триглицеридите се складираат во масните клетки во телото, во случај да му бидат потребни подоцна, при дефицит на храна.
Нередовниот живот, стресот, физичката неактивност, прекумерниот внес на калории и алкохол можат да доведат до покачување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта.
Многу е важно да се одржуваат нормални нивоа на холестерол и триглицериди во крвта бидејќи се ризик фактори за атеросклероза која го зголемува ризикот од срцев удар, мозочен удар и кардиоваскуларни заболувања.
Отсега покачениот холестерол и триглицериди ги решава Hartikol!!!
Што е Hartikol?
Hartikol капсулите претставуваат нов додаток на исхраната со екстракт од црвен ориз и артичока кој овозможува одржување на нормално ниво на холестерол и триглицериди во крвта.
Клучни предности на Hartikol капсулите?
Hartikol капсулите се одличен избор за пациенти кои бараат природно решение за покачен холестерол и/ или триглицериди или не поднесуваат статинска терапија.
Hartikol капсулите покрај екстракт од црвен ориз содржат и екстракт од лист од артичока што им овозможува уште подобро дејство.
Hartikol капсулите својот благотворен ефект го постигнуваат со само 1 капсула дневно.
Без алергени, глутен, лактоза , ГМО и конзерванси.
Зошто Hartikol капсулите се толку иновативни и како делуваат неговите состојки?
Црвен ориз – Monascus purpureus:
Црвениот ориз изобилува со активни состојки-монаколини кои се сметаат за природни статини. Од сите монаколини најактивен е Мonakolin K кој го намалува на вкупниот холестерол, го намалува LDL холестеролот и триглицеридите во крвта.
Артичока – Cynara scolymus L:
Артичоката го намалува покачениот холестерол, на тој начин што го намалува нивото на „лошиот“ LDL холестерол, а го зголемува „добриот“ HDL холестерол. Ова е резултат на нејзиното холеретично делување односно преку зголемено лачење на жолчка, поради што црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини. На овој начин организмот се справува со вишокот на холестерол а се намалува и нивото на триглицеридите.
Пред употреба задолжително прочитајте го упатството. Додатоците на храна не се замена за урамнотежена исхрана. Важно е да се придржувате до разновидна исхрана и здрав начин на живот. Производот е наменет за возрасни.
Comentários