Задолжително понесете со вас пробиотици и ОРС како и лекови за намалување на зголемена телесна температура.
Новогодишните и божиќните празници, како и снегот на планините се одлична препорака да го искористиме следниот период за некое патување па дури и за зимски одмор. Без разлика дали ќе се упатиме на скијање на планина, во некоја Европска метропола или некоја егзотична дестинација, важно е да тргнеме спремни на патување со цел соодветно да одговориме на здравствените опасности кои ги носи зимата и соодветно да ја прилагодиме нашата „патна аптека“:
Ризици по системот за дишење: Студеното време и ветерот се опасни за носот, грлото и белите дробови, и го ставаат на тест целиот имун систем. Оттука течење на носот, кашлица и болка во грлото се најчести последици.
СОВЕТ БР. 1:
Бидете соодветно облечени (капа, шал, ракавици, зимски обувки). Не заборавајте да вклучите во вашиот багаж: спреј за промивање на носот со NaCL, инхалатор во стик, како и пастили или спреј за болно грло.
Ризици по стомачното здравје: Промената на климатските услови, храна, вода, кревет, честопати може да предизвикаат бројни нарушувања на дигестивниот систем: стомачни тегоби и мачнина од патување, пролив, запек, повраќање, дехидратација и покачена телесна температура.
СОВЕТ БР. 2:
Во „странство“ конзумирајте само флаширана (проверена) вода. Задолжително понесете со вас пробиотици и ОРС (орални рехидратациски соли) како и лекови за намалување на зголемена телесна температура (антипиретици).
Ризици по вашата кожа: Студот, ветрот и планинското сонце може да и наштетат на вашата кожа. Испукана кожа на лицето и рацете, смрзнатини па дури и изгореници од сонце се честа појава во зимскиот период.
СОВЕТ БР. 3:
Задолжително вклучете во вашата патна аптека: крема за испукана кожа, крема за заштита од сонце и креми за сончеви изгореници, како и маст за масирање/загревање.
Ризик од спортски повреди: Зимските спортови (скијање, бординг, лизгање), па и самото пешачење во снежни и лизгави услови, знае да донесе и повреди (набиеници, исеченици, исчашени зглобови).
СОВЕТ БР. 4:
Понесете со вас: средства против болки (аналгетици) и аналгетски гелови/креми, фластери, завој и ханзапласт како и маст за намалување на хематоми
Comments