Зголемете го внесот на вода, млеко, овошје и зеленчук со што ќе ја зголемите способноста на организмот за детоксикација.
Како и секоја година во зимскиот период соочени сме со енормно загаден воздух, а особено тоа е случај во поголемите градови.
Причинители се број, а меѓу најголемите се:
Греење на дрва, јаглен, нафта;Издувни гасови од автомобилите;Издувни гасови од фабриките/топланите;Градежни активности;Пушење цигари во затворен простор;Пожари и палење на отворен простор итн…
Како резултат на сето ова значајно се покачуваат вредностите на тн. примарни загадувачи на воздухот:
ПМ честички (particulate matter) ситни честички на цврста материја или течност суспендирани во гас, со димензии помали од: 10 микрони (ПМ10) или 2,5 микрони (ПМ25). Во урбаните средини, ПМ честичките честопати во себе вклучуваат и разни хемикалии и отрови штетни по здравјето, кои заради малите димензии може да навлезат длабоко во белите дробови и да бидат тригер за бројни белодробни и срцеви заболувања.Сулфур диоксид (SO2) и Азот диоксид (NO2), отровни соединенија кои настануваат при согорувања на високи температури, пред се на јаглен и нафта како и при индустриски процеси. Штетни се за видот, белитедробови и кожата.Jаглерод моноксид – е безбоен, без мирис и неиритирачки, но многу отровен гас. Тој е производ на нецелосното согорување на горивата какви што се природниот гас, јагленот или дрвото, како и на автомобилите. Доколку е присутен во значајни количини предизвикува проблеми со дишењето, несвестица и смрт.
Овие и други причинители се сериозен ризик за човечкото здравје особено кај малите деца кај кои: штетно влијаат на развојот на белите дробови, носат ризик од хронични белодробни заболувања, алергии и астма. Втори на удар се хронично болните и постарите лица кај кои значајно се зголемува ризикот од смрт поради: белодробни, кардиоваскуларни проблеми или рак на грлото и белите дробови. Заради сето ова е важно да преземеме се што е во наша моќ да го заштитиме нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.
Еве неколку совети за заштита од загаден воздух:
Пред излегување од дома проверете го квалитетот на воздухот, особено концентрацијата на ПМ честиците;Не излегувајте во услови на високо загадување на воздухот а доколку морате гледајте престојот да биде краток и притоа користете заштитна маска (најдобро со активен јаглен);После престој на отворено можете да ги промиете носот и горните дишни патишта со спреј на база на физиолошки раствор;Избегнувајте вежбање на отворено во градските средини или во близина на фрекфентни патишта. Наместо тоа вежбајте во затворен простор или користете ги викендите за излети на свеж планински воздух;Зголемете го внесот на вода, млеко, овошје и зеленчук со што ќе ја зголемите способноста на организмот за детоксикација;Доколку се греете на јаглен или нафта итно пронајдете алтернативен начин на затоплување (пелети, струја, топлински пумпи итн.). Во спротивно го загрозувате пред се сопственото здравје но и околината;Не дозволувајте пушење дома и избегнувајте затворени простории во кои се пуши;Набавете прочистувач за дома, но при тоа внимавајте да биде со доволен капацитет и редовно одржувајте ги/менувајте ги филтрите.
Не палете огнови на отворено, а особено не горете: гуми, лакирано дрво, весници (особено пластифицирана и колор хартија)!
Comments