top of page
Search
Writer's picturetopedukator

Зачувајте го женското интимно здравје на природен начин


Интимното здравје е клучно за целокупното здравје на жената затоа треба да му се посвети особена грижа

Жените се основа на продолжувањето на човечкиот род поради што  одржувањето на женското полово здравје е од исклучителна важност. Нормалната вагинална микрoфлора се карактеризира со: доминиција на млечнокиселински бактерии, високи концентрации на млечна киселина и кисела pH =3.5-4.5. Сепак, како резултат на бројни фактори како на пример: стареење, недостаток на интимна хигиена, сексуална активност, користење на антибиотици како и хормонска терапија со контрацептиви или контрацептивни импланти, доаѓа до нарушување на вагиналната микорфлора. Притоа, промените се во насока на: намалување на бројот на млечнокиселински бактерии а за сметка на нив доминираат: стрептококи, ентерококи (E. faecalis) и ентеробактерии (E. coli); намалување на концентрации на млечна киселина и пораст на pH > 4.5. Овие промени создаваат услови за развој на бројни патолошки нарушувања како: габични инфекции (дури 75% од пременопаузални жени барем еднаш имале габична инфекција), бактериски вагинози, инфекции на уринарниот тракт, чувство на сувост на вагината, иритација, црвенило, сврбеж и диспареунија (појави чести при менопауза).

Заради сето ова, кај жените е особено важно да се одржуваат концентрациите на млечно-киселински бактерии и  млечна киселина а со тоа и кисела pH во вагината.

PROBalans Lady претставуваат вагинални таблети кои: ја намалуваат pH на вагиналната слузница, ја подобруваат еластичноста на вагиналниот ѕид, ја обновуваат вагиналната микрофлора и го спречуваат на растот на патогените на слузницатата.

Поради сите овие карактеристики PROBalans Lady вагиналните таблети имаат корисно дејство при:

  • Габични инфекции;

  • Бактериски вагинози;

  • Пост-антибиотска терапија;

  • Менопауза.

Медицинското средство PROBalans Lady во својот состав вклучува:

  • Lactobacilus acidophilus кој ја обновува вагиналната микрофлора, ја инхибира колонизацијата на патогени, го намалува pH на микрооколината, и произведува H2O2 и бактериоцини против G. Vaginalis;

  • Млечна киселина која: ја одржува pH на вагиналната слузница, ги инхибира патогените соеви, ги инхибира металопротеиназите и го чува интегритетот на цервиксот, ги намалува инфекциите на горниот генитален тракт;

  • Изофлавони (особено корисни при менопауза) кои го зголемуваат нивото на гликогенот и на тој начин: го унапредуваат трофизмот на слузницата, ги намалуваат симптомите на атрофија (сврбеж, болка, еритем) и ја обновуваат pH вредноста на вагиналната содржина.

Како се употребува:

  • 1 таблета навечер пред спиење, вагинално;

  • Да се инсертираат во тек на 14 дена, почнувајќи една недела пред менструацијата или веднаш после завршувањето на циклусот;

  • Не применувајте го подолго од 20 дена, без претходна консултација со гинеколог.

13 views0 comments

Comments


bottom of page