top of page
Search
Writer's picturetopedukator

Детоксикација на организмот после празничните прослави!




Кои чекори треба да се преземат за брза детоксикација на организмот?

Во празничниот период многу од нас го изложија својот организам на прекумерни количини на масна храна, алкохол и цигари. Покрај тоа „преживеавме“ и долги вечерни задржувања и како последица на тоа ноќи со скратено време за квалитетен сон. Последиците од тоа се гледаат на нашето лице и кожа, ги чувствува нашето грло и бели дробови а веројатно и вагата покажува некој килограм плус. Сепак она што не се гледа на прв поглед а трпи најголема штета е секако нашиот црн дроб – тн. лабораторија која ги преработува отровите и вишокот на холестерол и шеќер. Не случајно после празничниот период кај голем број од нас се нарушени вредностите за холестерол и триглицериди во крвта а понекогаш и ензимите на црниот дроб.

Токму затоа јануари е право време за детоксицаија на организмот!

Кои чекори треба да се преземат за брза детоксикација на организмот?

Зголемете го внесот на вода и орални рехидратациски соли во организмот (ОРС)! Прекумерните количини на алкохол доведуваат до дехидрирање на организмот, задржување на отровите и главоболка. Затоа внесувајте 2-3 литри вода дневно – најдобро со лимон и уште од раните утрински часови кога способноста за детоксикација е најголема. Во растворот корисно е да додадете и ОРС кои ќе ви го стабилизираат електролитниот баланс и ќе Ви ја вратат свежината.Започнете го денот со овошје и зеленчук! Свежото овошјето и зеленчукот се богати со растителни влакна, минерали и витамини (пред се витамин Ц, Б-група, Цинк и олигоминерали), чии нивоа сигурно ви се намалени после бурниот период. Внесување на 300-400г сезонско овошје и зеленчук дневно ќе придонесе за подобро варење на храната и засилен имунитет.Активирајте се физички! Вклучете вежбовни активности минимум 2-3 пати неделно-потењето е клучно за детоксикација на организмот!Посетете спа центар! Сауната ќе ве ослободи од телесните отрови а масажата од стресот!Вклучете пробиотски додатоци во исхраната во вашата секојдневна диета! Цревната микрофлора веројатно ви е нарушена после силната изложеност на токсини на организмот а дел од нас веќе имаат јасни симптоми на дијареа или запек или покачени вредности на хеликобактер. Пробиотиците во комбинација со цинк, нане и камилица се основа за добро стомачно здравје и добар имун одговор.Одморете го црниот дроб од алкохол, цигари и намалете го внесот на масти! Корисно е и да се вклучат и природни препарати на база на артичока, силимарин, селен и есенцијални фосфолипиди. Тоа ќе помогне за регенерација на вашиот црн дроб.

15 views0 comments

Bình luận


bottom of page